. . "Фонд 5. Делегат на Комесарството за еврејски прашања и скопска еврејска општина – Скопје (1915-1947)"@mkd . "Најраниот архивски податок за постоењето на Еврејската општина доаѓа од писмото испратено од митрополитот Неофит, до претседателот на Еврејската општина во Скопје Елиезер Наваро во врска со формирањето на Црвениот крс на 8.12 1915 година. Со документот за „Правилата на Еврејската вероисповедна општината во Скопј\", донесен во 1936 година, се укажува на организираноста на Еврејската општина како самоуправно институционално тело кое управува со верско-управните, културните и добротворните установи, како и со верскиот имот, движен и недвижен. Нејзината функција се остварува преку обединување и образување на Евреите во Скопје, преку синагогални активности и училишни програми.\r\n\r\nЗа време на Втората светска војна, Еврејската заедница продолжува да постои во изменети услови, наметнати со законите на фашистичка Бугарија. Во текот на месец август 1942 година е формирано Комесарство за еврејски прашања при Министерството за внатрешни работи и народно здравје во Софија. Тогаш еврејската општина ја губи својата самостојност и стапува под директна управа на Комесарството.\r\nПаралелно со формирањето на Комесарството, Министерскиот совет донесува и „Правилник за организација и управување на еврејските општин\". Управата на еврејската општина ја сочинуваат: делегат, претседател и 4 до 6 членови, кои ги назначува делегатот. Со овој Правилник, престануваат да постојат еврејските здруженија и фондации.\r\n\r\nПо ослободувањето, во Скопје, на 26 декември 1944 година, е одржана конститутивна седница на Македонско-еврејскиот народноослободителен одбор. Обновената Еврејска општина во Скопје се насочува кон помагање на Евреите кои го преживеале холокаустот, решавање на нивните станбени и социјални потреби, обновување на синагогите, како и со утврдување на бројот на жртвите во холокаустот.\r\n"@mkd . "Фонд 5. Делегат на Комесарството за еврејски прашања и скопска еврејска општина – Скопје (1915-1947)"@mkd . .